• петок, 27 декември 2024

Ковачевски - Шидер: СДСМ има јасен план за продолжување на европскиот пат, ЕУ е нашата единствена алтернатива која ќе донесе суштински промени

Ковачевски - Шидер: СДСМ има јасен план за продолжување на европскиот пат, ЕУ е нашата единствена алтернатива која ќе донесе суштински промени

Скопје, 13 април 2024 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот  сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска одржа средба со европратеникот и носител на листа на социјалдемократите во Австрија за изборите во ЕУ, Андреас Шидер, на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ.

Како што соопштија Ковачевски и Шидер по средбата, станало збор за претстојните избори и за состојбата во државата откако СДСМ ја презема власта, односно за реализираното во изминатите седум години, но и идните планови.

-На претстојните избори пред граѓаните се два концепта, едниот е на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој значи прогрес и нтеграција на државата, подобар животен стандард, подобри и поголеми плати и пензии за сите граѓани, економски развој, безбедност и стабилност, а другиот е сосема спротивен пат која ја носи државата во безнадежност и изолација, рече Ковачевски на заеднилката прес-конференција.

Владата, дополни Ковачевски, покажа јасна посветеност и донесе тешки и храбри одлуки, кои резултираа позитивно врз државата. Северна Македонија стана членка на НАТО, по 17 години чекање се отворија пристапните преговори со Европската Унија, а паралелно се затворија речиси сите отворени прашања со нашите соседи. 

-Стратешките одлуки се носеа и во време на две тешки кризи - КОВИД пандемијата, енергетската криза, војната во Украина. Во тој контекст, Ковачевски посочи дека дека благодарение на правилните политики и мерки на Владата предводена од СДСМ, се заштити животниот стандард на граѓаните, се зголемија платите и пензиите, успешно се изменаџира снабдувањето на струја и парно, се намали невработеноста, се зголемија инвестициите, потсети лидерот на СДСМ.

Програмата на СДСМ за претстојните избори, додаде, е продолжение на сите позитивни резултати што досега се постигнаа и се заснова на седум столба: Нова економска енергија за европски раст и стандард,Добро управување-подобар и праведен систем за сите, Грижа за сите, Европски квалитет на живот, Безбедна Македонија,Македонија во ЕУ до 2023, Млади-столбот на иднината.

-Доколку СДСМ ја формира новата Влада, приоритет ќе биде продолжување на патот кон ЕУ, исполнување на целите од програмата кои значат подобар европски животен стандард за граѓаните,  економски развој, унапредување на демократијата, слободите, социјалната вклученост.

Според европратеникот Шидер, знаеднички е ставот дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и дека мора да го продолжи европскиот пат.

-Тоа е единствената алтернатива и можност која носи позитивни промени за дравата, истакна Шидер и изрази поддршка за СДСМ на претстојните избори, порача Шидер. мч/мд/

фото: МИА и СДСМ

 

 

Остани поврзан