• среда, 25 декември 2024

Ковачевски, Шекеринска, Клингбеил и Курти дел од учесниците на панел-дискусијата за Западен Балкан

Ковачевски, Шекеринска, Клингбеил  и Курти дел од учесниците на панел-дискусијата за Западен Балкан

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Панел-дискусија на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска, во 18:30 часот, во Даут-пашин амам во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје.

Настанот ќе започне со воведни излагања на потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и претставничката на Фондацијата Фридрих Еберт Хелен Кортлаендер.

На панелот свои излагања ќе имаат претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Ларс Клингбаил, првиот човек на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на Движењето „Самоопределување“ и премиер на Република Косово Албин Курти, потпретседателката на Демократската партија на Србија Драгана Ракиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, потоа, првиот човек на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ.

На панелот свое излагање ќе има и потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, како и генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија Бленди Клоси. ир/мд/


Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан