• петок, 27 декември 2024

Ковачевски: Чувството за солидарност и грижа за другите нека биде поттик за сите идни генерации на пожарникари

Ковачевски: Чувството за солидарност и грижа за другите нека биде поттик за сите идни генерации на пожарникари

Скопје, 20 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки до пожарникарите во нашата држава по повод 20 Мај - Денот на македонските пожарникари.

-Ви оддаваме должна почит и неизмерна благодарност за вашиот огромен придонес во општеството, во служба на заедницата и зачувување на нашите мир, безбедност и сигурност. Справувајќи се со природни непогоди, несреќи и катастрофи, секојдневно го ризикувате вашиот живот, спасувајќи ги животите на другите и штитејќи ги имотите на нашите граѓани и на нашата заедница, што неизмерно го цениме, порачува во честитката премиерот Ковачевски.

Изразувајќи искрени и срдечни честитки во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија во чест на 20 Мај - Денот на македонските пожарникари, премиерот Ковачевски порача солидарноста и грижата за другите да биде поттик за сите идни генерации на пожарникари.

-Вашето чувство за солидарност и грижа за другите нека биде поттик за сите идни генерации на пожарникари, кои како и денешните генерации ќе продолжат да бидат симбол на пожртвуваност и подготвеност да се подаде рака за помош секаде и секому. Нека е честит 20 Мај - Денот на македонските пожарникари!“, истакна премиерот Ковачевски. дма/

Фото:  Фејсбук на Димитар Ковачевски



Остани поврзан