• недела, 17 ноември 2024

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која утре во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција.
Како што соопштија од владината прес-служба, оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Северна Македонија бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ.
Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.Во рамките на историската посета на Брисел, за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Република Северна Македонија и работен ручек на премиерот Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.Како дел од официјалната владина делегација, во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата.бт/aa/

Остани поврзан