• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Улогата на Маричиќ во евроинтеграциите ќе биде попродуктивна и поефективна

Ковачевски: Улогата на Маричиќ во евроинтеграциите ќе биде попродуктивна и поефективна
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) – Маричиќ, според мене, и според одлуката на Централниот одбор, ги поседува сите професионални и академски квалитети кои што ги има стекнато во процесот на образование во универзитет и надвор од државата, во областа на евроинтеграциите и сметам дека неговата улога и неговата работа во делот на евроинтеграциите ќе биде попродуктивна и поефективна, изјави вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Ковачевски на вечерашната прес-конференција на која ги објави имињата за состав на новата Влада, одговарајќи на новинарско прашање зошто кадрите што остануваат во составот на Владата се луѓе кои дале резултати во ресорите што ги водат, се прават ротации, како на пример со досегашниот министер за правда, Бојан Маричиќ, додека, министерот Битиќи останува на функцијата што ја водел. - Битиќи беше министер и до сега во истиот ресор и во текот на изминатите две години во текот на најголемата економска криза која што го има погодено светот и нашата држава по големата економска депресиј. Работеше заедно со сите страни кои што се инволвирани во овој процес, вклучувајќи ги тука и стопанските комори, другите еснафски здруженија, синдикатите, за промоција и подготовка на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и заштита на стопанството и работните места, посочи претседателот на СДСМ. Дополни дека успешноста на тие политики е потврдена и со извештајот на Меѓународниот монетарен фонд, каде што е наведено дека над 60 илјади работни места се заштитени во државата, кои што, како што рече, без тие мерки би биле изгубени, како тоа што падот на бруто домашниот производ во текот на најкризната година беше помал од тоа што би бил доколку не беа ефикасни и ефективни мерките. ар/мд/

Остани поврзан