Ковачевски: Традициите се богатството на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, наша обврска е да го чуваме, негуваме и промовираме
- Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со членот во партиското раководство и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, денеска присуствуваше на традиционалните пеливански борби во скопско Студеничани.
Скопје, 8 октомври 2023 (МИА) - Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со членот во партиското раководство и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, денеска присуствуваше на традиционалните пеливански борби во скопско Студеничани.
-Драго ми е што денеска присуствував на традиционалните пеливански борби кои на овие простори кај нас и тука во Студеничани се негуваат повеќе од 500 години, што е за голема почит. Овие традиции се богатството на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, а наша обврска е тоа богатство да го чуваме, да го негуваме и да дадеме свој придонес во неговата промоција, напиша Ковачевски во објавата на својот Фејсбук профил.
Партијата којашто ја предводам, како што посочува, силно ги почитува различностите, и токму затоа СДСМ ја предводи големата мултиетничка коалиција и проевропска Влада која дели исти, европски вредности.
Упати честитки до организаторите, посакувајќи им многу успех на учесниците и уште многу вакви успешни настани во наредните години.фф/вг/
Фото: Фејсбук на Димитар Ковачевски