• недела, 28 јули 2024

Ковачевски: Со Медат Куртовски општината Маврово-Ростуше добива нов лик

Ковачевски: Со Медат Куртовски општината Маврово-Ростуше добива нов лик
Гостивар, 16 август 2022 (МИА) - Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во рамки на кампањата за изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше со сопартијците ја бара поддршката од гласачите во регионот на Долна Река. Ковачевски го посети и манастирот Св. Јован Бигорски и се сретна со епископот Партениј. Лидерот на социјалдемократите по средбата истакна дека граѓаните на Маврово и Ростуше се сплотени во поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски и СДСМ затоа што знаат дека токму тие се гарант дека развојот на општината ќе продолжи со несмален интензитет. - Кандидатот на СДСМ, Куртовски во својата досегашна работа се истакна со реализација на над 60 проекти за што се инвестирани блиску 32 милиони евра. Со Куртовски, Маврово и Ростuше добива нов лик и токму затоа граѓаните се обединети, со силна поддршка за СДСМ и кандидатот за градоначалник Куртовски, порача Ковачевски. Според агендата, најавени се посети на населените места по долината на Радика, каде Ковачевски ќе се сретне и со жителите на селата Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче. згм/мс/

Остани поврзан