• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани согласно законодавствата на САД и Обединетото Кралство

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани согласно законодавствата на САД и Обединетото Кралство

Скопје,12 јануари 2024 (МИА) - Премиерот Димитар Кповачевски денеска изјави дека во измените на Законот за рестриктивни мерки, покрај ОН и ЕУ, ќе се додадат САД и Обединетото Кралство односно ентитети санкционирани согласно со нивното законодавство.

-Тие треба да направат практично транспонирање на нешто што го имавме, а се однесуваше на ентитети коишто се санкционирани согласно со ОН, ЕУ и сега тоа ќе се прошири и на САД и на Обединетото Кралство бидејќи се однесува на ентитети коишто се санкционирани согласно со нивното законодавство, изјави денеска премиерот Ковачевски. 

Според него, законот ќе значи усогласување со нашата легислатива и врз основа на него лицата ќе можат да бидат процесуирани, да бидат обезбедувани докази од државите коишто го направиле санкционирањето согласно со нивните закони и докази коишто ги имаат. Ова, како што вели Ковачевски е и барање на меѓународната заедница бидејќи ние сме членка на НАТО.

-НАТО не е само да ставите знаме и да видите дека сте земја членка на НАТО, туку има и стандарди коишто треба да се исполнат и ние во голем дел на институциите веќе ги исполнуваме стандардите. Еден од стандардите ќе биде овој, посочува премиерот.

За тоа дали лицата и фирмите коишто се на црна листа на САД ќе бидат ограничени да не учествуваат на државни тендери, Ковачевски вели дека сега не може да каже.

-Моето мислење јас веќе сум го кажал, дека за лица коишто се санкционирани од страна на нашиот најголем стратешки партнер САД, ЕУ по други основи бидејќи ЕУ нема листа на санкции каква што има САД или, пак, Велика Британија, тогаш тоа треба да биде транспонирано и кај нас со оглед на тоа што не може од сабајле некој да се фали дека е најдобар другар со САД, а попладне да прави се спротивно на нив, така што ќе мора да биде транспонирано, изјави Ковачевски кој беше на настан на скопските клиники заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити. ев/ац/

 

Остани поврзан