Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол
- Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање.
Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање.
Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера.
- Голема благодарност верувам дека ќе упатат и медиумите со кои што во текот на изминативе две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво. Практично и тој беше дел од процесот во кој што Владата како институција беше оценета како најтранспарентна, односно 100 проценти транспарентност, рече Ковачевски. фф/сп/
Фото: МИА Архива