• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски се надева дека на ТВ дуелот ќе ги слушне ставовите на Мицкоски за клучните прашања за државата

Ковачевски се надева дека на ТВ дуелот ќе ги слушне ставовите на Мицкоски за клучните прашања за државата

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Добро е за кандидатите за носителите на функциите на државата, иден пратеник или иден премиер на државата  да ги презентираат своите програми, ставови, како и одговори на клучните прашањата, истакна денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски  на новинарско прашање што очекува од ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што треба да се одржи на 3 април.

Ковачевски истакна дека се радува на ТВ дуелот, на кој, како што рече, граѓаните ќе слушнат кој каков став има за најважните прашања за државата.

- Моите ставови веќе ги знаете. Меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, во однос на интегрирањето на државата во Европската унија, во однос на односите со соседите и во однос на внатрешните односи во државата виза вi другите етнички заедници, рече Ковачевски.

Лидерот на СДСМ, Ковачевски заедно со својот тим на соработници има средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и членови на Управниот одбор на комората. вдј/ар/

Фото: МИА

Остани поврзан