• недела, 24 ноември 2024

Ковачевски - Рено-Басо: Поддршка од ЕБРД за започнатите проекти и справувањето со aктуелните предизвици

Ковачевски - Рено-Басо: Поддршка од ЕБРД за започнатите проекти и справувањето со aктуелните предизвици
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за финансии, Фатмир Бесими, се сретна со претседателката на ЕБРД, Одил Рено-Басо, придружувана од делегација од Европската банка за обнова и развој.Владината прес-служба соопшти дека на средбата е заеднички поздравена успешната соработка помеѓу нашата држава и ЕБРД, како еден од најголемите поддржувачи на инфраструктурни проекти во земјава.-Констатирано е дека е важно да се продолжи со започнатите проекти и со привлекувањето инвеститори. Во таа насока изразена е определба од двете страни дека реализацијата на проектите продолжува непречено да се одвива, независно од кризите предизвикани од војната во Украина, посебно што станува збор за реализација на важни проекти за граѓаните и државава, во областа на енергетиката, транспортот, животната средина, соопшти прес-службата на Владата.
На состанокот е соопштено дека Европската банка за обнова и развој е подготвена да и помогне на Република Северна Македонија во справувањето со предизвиците од војната во Украина.-Премиерот Ковачевски се заблагодари за успешната соработка со ЕБРД, при што, заедно со министерот Бесими и претставниците од ЕБРД, е разговарано и за можностите за унапредување и во делот на потребната техничка поддршка и експертизи. Исто така, поздравен е фокусот на Владата кон земјоделството и обезбедувањето храна и е оценето дека постои простор за поддршка од ЕБРД и на овој план, се наведува во соопштението. На средбата се споделени мислења за актуелни политички прашања, при што е констатирано дека иницијативата „Отворен Балкан“ отвора можности за развој на регионот и е нагласено значењето на европските интеграции за регионот, но и за самата Европска Унија. хс/цр/

Остани поврзан