• среда, 25 декември 2024

Ковачевски: Пратениците имаат обврска да носат одлуки за подобра иднина

Ковачевски: Пратениците имаат обврска да носат одлуки за подобра иднина
Скопје, 3 август 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе ја препознаат европската идеја и ќе гласаат за измени на Уставот. -При гласањето за заклучоците на европскиот предлог од Европскиот совет за почнувањето на преговорите на државата со Европската Унија секој пратеник ја изрази слободно својата волја. Истото треба да биде и со уставните измени, бидејќи се работи за вклучување на дополнителни делови од други народи во преамбулата во нашиот Устав. Тоа ја зголемува хомогеноста, го зголемува капацитетот на државата, рече премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ Канал 5. Тој порача дека секој пратеник без разлика на неговата политичка, верска припадност има обврска кон граѓаните да носи одлуки кои значат подобра иднина за оваа генерација и идните генерации на државата. -Побрзото пристапување кон ЕУ, значи и побрз економски развој, поголема социјална правда и поголем развој на сите други сегменти на општеството по примерот на европските држави, истакна премиерот. лв/мч/

Остани поврзан