• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски: Последното рангирање од „Фич“ покажува дека водиме издржана економска политика

Ковачевски: Последното рангирање од „Фич“ покажува дека водиме издржана економска политика

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) – Последното рангирање на рејтинг агенцијата „Фич“ која после четири години го врати нашето рангирање на „ББ+ стабилен“ покажува дека водиме економски издржани политики, смета премиерот Димитар Ковачевски.

-Секогаш нешто може да се подобри и да се унапреди. Јас сум економист и сметам дека треба да го правиме она што е можно. Не можеме да водиме политики кои утре можат да предизвикаат дисторзија на пазарот, дисторзија во фискалниот и во монетарниот систем. Дека водиме економска политика која е издржана и која дава резултат потврдува и последното рангирање на економијата на нашата држава од страна на агенцијата „Фич“ која после четири години го врати нашето рангирање во стабилно, односно на ББ+ стабилен, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по завршување на настанот #МКЕкономија „Довербата расте”.

Тоа, како што кажа, значи дека политиките што се водат се долгорочно одржливи, а фискалните и монетарните мерки се прудентни и одговорни и даваат резултати во услови на криза. вј/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан