• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски: Посакувам спокојно и радосно празнување на светиот еврејски празник - Јом Кипур

Ковачевски: Посакувам спокојно и радосно празнување на светиот еврејски празник - Јом Кипур
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски по повод светиот еврејски празник - Јом Кипур денеска упати честитка до граѓаните припадници на Еврејската заедница.
-На граѓаните од Еврејската заедница им посакувам спокојно и радосно празнувањето на светиот еврејски празник - Јом Кипур. Значењето на овој голем празник на покајанието и меѓусебното помирување се истакнува посебно и денес, кога е светот пред новиот предизвик за обединување, заедништво и меѓусебната поддршка околу зачувувањето на мирот и просперитетот за сегашните и за идните генерации, истакна премиерот Ковачевски во честитката.
Нашата заедничка држава, Република Северна Македонија, како што нагласува Ковачевски, е дом на различности и во тој дух градиме едно општество за сите со меѓусебно почитување на нашите културни посебности. дма/са/

Остани поврзан