• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Партнерски носиме одлуки во интерес на сите граѓани

Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Партнерски носиме одлуки во интерес на сите граѓани
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна, со јасна заштита на нашиот јазик и идентитет, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претставниците од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари за европскиот предлог за македонките евроинтеграции. На брифингот се дискутираше за европскиот предлог за просперитет на Северна Македонија, а Ковачевски напомена дека Владата партнерски, низ дијалог и консултации, носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот упати благодарност за придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата. мч/дма/  

Остани поврзан