• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски: На дипломатскиот форум во Анталија претставник на Владата беше министерот Османи

Ковачевски: На дипломатскиот форум во Анталија претставник на Владата беше министерот Османи
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - На дипломатскиот форум во Анталија претставник на Владата беше министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека за тоа што разговарале на форумот во Анталија поранешниот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Кирил Петков се информирал од објавата на Заев на социјалните медиуми. -На дипломатскиот самит во Анталија како претставник на Владата беше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Меѓутоа Дипломатскиот самит во Анталија е практично конференција на која се повикуваат и постојни, но и поранешни политичари. Од нашата држава покана имаа и поранешниот премиер Заев и поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Во однос на тоа што разговарале поранешниот претседател Иванов имаше свое соопштение, а на социјалните медиуми и поранешниот премиер Заев објави што има разговарано во текот на конференцијата која таму се одвивала и од тоа што можевме сите да прочитаме дека се работи за потврдување на позициите на Република Северна Македонија и во едниот и во другиот случај, на нашата цврска евроинтеграциска определба, рече премиерот Ковачевски на новинарско прашање дали знае што разговарале на форумот во Анталија поранешниот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Кирил Петков после увидот во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонијакругот на фабриката „ОХИС“. вг/см/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан