• недела, 24 ноември 2024

Ковачевски: На бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград

Ковачевски: На бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) -  Во Благоевград утре се отвора македонски клуб финансиран од приватни лица и кажав дека оние кои се заинтересирани можат да одат. Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, вели премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање. На денешното отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Куманово-Бељаковце-Крива Паланка, Ковачевски порача дека помеѓу двете држави треба да се формираат организации и настани што ги зближуваат граѓаните, државите и институциите, а никако да не се гради реторика што се практикуваше подолг период. -Би сакал да дополнам и дека во текот на летните месеци кажав дека како држава преку Министерството за култура и Владата ќе доставиме барање до Бугарија со цел отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и други градови преку кој ќе може да се негуваат македонската култура и литература и граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци да дојдат во контакт со неа, додаде тој. Квачевски информираше дека присуствувал на отворањето на канцеларијата на Бугарската новинска агенција БТА во Скопје како и дека во Софија неговиот колега претседателот на Владата на Бугарија присуствувал на отворањето на канцеларијата на Медиумските Информативна Агенција (МИА). -На отворањето на претставништвото на Македонската, на нашата информативна Агенција во Софија присуствуваше премиерот на Бугарија и така треба, а на отворањето на Бугарската телеграфска Агенција во Скопје присуствував и јас и тоа така треба, нагласи тој и додаде дека се надева оти барањето што ќе биде испратено до Бугарија за отворањето на КИЦ во Благоевград ќе биде одобрено и заеднички двете држави ќе можат да го отворат Културениот центар. ам/ки/

Остани поврзан