• среда, 18 декември 2024

Ковачевски: Најголемата поддршка за бугарските клубови пристигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: Најголемата поддршка за бугарските клубови пристигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија. Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал на разгледување во Венецијанската комисија најавениот целосно нов закон за здруженија. Во коментар на ставот на Османи дека Бугарија води активна кампања во меѓународните институции  против Законот за здруженија и на тамошните пораки дека ќе застанат на страната на бугарските клубови, Ковачевски  оцени дека најголемата поддршка за бугарските клубови во државава пристигнала од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. - Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов, а протестите во  Битола беа против клубот Ванчо Михајлов, така што не треба  да доаѓа поддршка од Бугарија, поддршката дојде тука од претседателот на најголемата опозициска партија исто како  што претпроставува дека отворањето дошло од таа партија и сето оа што ни се случуваше при палењето на вратат итн. дека дошо исто така од таа партија со оглед на тоа гледаме кој настапува на нивни настани, изјави Ковачевски, по посетата на обновениот објект на Полициската станица Гази Баба. Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија. -Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се органзиира слободно  или во невладино здружение или во кој било друг вид  на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции  особено имајќи го во пердвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унја,  каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската  комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски. Уште стои на ставот дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство. Прашан дали ќе го послуша министерот Османи и во најскоро време ќе одржат владина седница на која законот за здруженија и донесените измени ќе ги испратат во Венецијанската комисија, потенцираше дека никој никого не мора да слуша и оти за односи со Венецијанската комисија е задолжено Министерството за правда. -На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани којшто беше донесен едногласно  од сите пратеници и откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи  разгледување на тој закон тогаш можеме и а донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува  во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Северна Македонија, а бугарските за Бугарија, рече Ковачевски. Во однос на тоа дали новиот закон кој е во најава, а во иднина и сите други закони посебно што се однесуваат на односите со Бугарија ќе одат на анализа и мислење во Венецијанската комисија рече дека не би го пратиле новиот закон, и оти тоа не било пракса досега. - Не, па така не било ниту досега. Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание, освен оние што ги блокира опозицијата и не може да се донесат а се значајни за граѓаните, меѓутоа нема закони коишто заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето зкаонодавство 45 проценти е веќе усогалсено  со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено  целото законодавство на државата, изјави Ковачевски.лв/мд/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан