• среда, 27 ноември 2024

Ковачевски - Кришто: Заедно работиме за стабилен Западен Балкан во Европската Унија

Ковачевски - Кришто: Заедно работиме за стабилен Западен Балкан во Европската Унија
Минхен, 18 февруари 2023 (МИА) - Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија на денешната средба на маргините на Михенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.
 
На средбата, на која присустувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Ковачевски и Кришто ги потврдиле пријателските односи меѓу земјите како и заложбата за интензивирање на соработката во наредниот период.
 Ковачевски на својата босанска колешка ѝ честиташе што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во Европската Унија.
 
Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.
Ковачевски - Кришто Минхен
 -Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија двајцата соговорници.
 
Што се однесува до билатералните односи меѓу Босна и Херцеговина и Северна Македонија, тие се без отворени прашања. Наредниот период владите на двете земји ќе бидат фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу двете земји, посебно во сегментите на трговската размена во металната, прехранбената и текстилната индустрија, соопшти Владата. ац/

Остани поврзан