• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски - Кривокапиќ: По НАТО, Северна Македонија и Црна Гора фокусирани на заедничката европска перспектива

Ковачевски - Кривокапиќ: По НАТО, Северна Македонија и Црна Гора фокусирани на заедничката европска перспектива
Скопје, 28 февруари 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска во Лондон остварија средба, на која ја потврдија силната посветеност на двете земји за уште поинтензивна соработка, која после сојузништвото во НАТО е упатена кон заедничките ЕУ перспективи. Ковачевски и Кривокапиќ на средбата изразиле заедничко задоволство од одличните традиционални партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, кои се без отворени прашања и засновани на меѓусебно почитување и заемна доверба.Двајцата премиери истакнале дека редовните средби на највисоко ниво ја потврдуваат силната посветеност на двете земји за уште поинтензивна соработка, која после сојузништвото во НАТО природно е упатена кон заедничките ЕУ перспективи. Како што соопштија од владината прес-служба, за време на разговорот со својот колега од Црна Гора, премиерот Ковачевски ја нагласи потреба од заедничкото учество во унапредување на регионалната соработка со цел обезбедување европска перспектива за двете држави, напредок, стабилност и подобра иднина за граѓаните на Западен Балкан. Двајцата премиери се согласиле дека двете земји ќе ги искористат потенцијалите за зголемена соработка во областа на туризмот со цел заеднички економски бенефит.Како земји членки на НАТО, премиерите на Северна Македонија и Црна Гора, Ковачевски и Кривокапиќ ја осудуваат воената агресија на Русија против Украина и ја оценија како кршење на меѓународното право и како закана за глобалната безбедност. бт/дма/

Остани поврзан