• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Клубот е провокација од македонски граѓани кои не сакаат да видат добри односи со Бугарија

Ковачевски: Клубот е провокација од македонски граѓани кои не сакаат да видат добри односи со Бугарија
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Ако треба некому да реагираме, тоа е на македонските граѓани што живеат во нашата држава и кои треба да имаат чувство за граѓаните коишто имаат резерва кон тоа име и кон таа личност. И тоа не се однесува само на овој клуб, туку и на претходни клубови што се отворени, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето дали Владата реагирала кај бугарските власти да не се отвораат клубови во земјава со имиња како „Цар Борис Трети“ вчера во Охрид и претходно „Ванчо Михајлов“ во Битола. -Вчера многу јасно кажав дека го осудувам отворањето на клуб со такво име, меѓутоа мора да бидеме свесни дека тој клуб го имаат отворено македонски граѓани. Како премиер и партијата СДСМ на кој сум и претседател кажавме дека – прво, го осудуваме и, второ, дека тоа е само провокација од мала група луѓе кои не сакаат да видат добри односи со Република Бугарија, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички. Во однос на правните аспекти нашата држава, рече премиерот, има премногу либерално законодавство во однос на формирање граѓански организации и здруженија и затоа пред извесен период Министерството за правда доби задача да направи нов закон за граѓански здруженија и организации. -Тие тоа го работат, меѓутоа ги повикувам и сите пратенички групи да учествуваат во тоа. И не само пратеничките групи, туку и Еврејската заедница да учествува со оглед дека во тој најцрн период на европската историја, ако некој бил жртва во оваа наша држава, тогаш тоа била еврејската заедница која, практично, од една респектирана и многубројна заедница денес е сведена само на оние кои успеале да преживеат или нивните потомци. И затоа навистина треба да се има чувство кон сите нив за тоа што го имаат поминато низ историјата, истакна Ковачевски. хс/лв/

Остани поврзан