Ковачевски и Костадиновска ќе извршат увид на градежните работи во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново
- Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посетат Преспанскиот регион.
![Ковачевски и Костадиновска ќе извршат увид на градежните работи во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново](https://new.mia.mk/index.php/images/20230120082221_big_730x400_44.webp )
Скопје, 20 јануари 2023 (МИА) – Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посетат Преспанскиот регион.
Ковачевски и Костадиновска најнапред ќе го посетат старото училиште во село Љубојно, а потоа ќе го посетат локалитетот Курбиново и ќе извршат увид во градежните активности во црквата Св.Ѓорѓи.
Потоа премиерот Ковачевски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе ја посетат компанијата Деалтаск Фреш Дооел во Ресен. ев/