• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Издавањето на граѓанската обврзница по завршување на анализите во Министерството за финансии

Ковачевски: Издавањето на граѓанската обврзница по завршување на анализите во Министерството за финансии

Свети Николе, 26 јуни 2023 (МИА) - Во Министерството за финансии во тек се анализите за издавање на граѓанската обврзница и штом завршат ќе биде објавена и одлуката за нејзино издавање, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според Ковачевски, веќе има голем интерес кај граѓаните, на со овој инструмент им се дава можност да инвестираат во развојни проекти на државата и при тоа да имаат загарантирана каматна стапка, која верува дека ќе биде поголема од пасивните банкарски камати за депозити.

-За точниот тајминг на издавањето на обврзницата, за нејзината висина како и за нејзината рочност и каматна стапка ќе мора да завршат сите анализи кои се прават во Министерството за финансии, разговорите кои се водат и со монетарната власт, односно со Народната банка, бидејќи сепак и тие имаат големо значење во креирањето на економските политики да бидат консултирани и штом тоа ќе го има министерот за финансии тогаш и граѓанската обврзница ќе биде издадена. Меѓутоа, можам да пренесам само задоволство од голем број на граѓани кои што ми пришле и кои што велат дека конечно државата ќе издаде граѓанска обврзница која што ќе даде уште една можност на граѓаните да можат да ги пласираат своите финансиски средства кои што ги имаат слободни, рече Ковачевски на новинарско прашање дали е определен точен датум кога ќе профункционира граѓанската обврзница по издавањето решенија за набавка на трактори во Свети Николе.

Тој посочи дека мора да го поздравиме процесот кој го води Владата и Министерството за финансии, а како што додаде, разговорите со министерот дека Северна Македонија треба да издаде граѓанска обврзница биле започнати уште во времето кога тој бил заменик министер за финансии. вг/лв/

 

Остани поврзан