• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски за тврдењата за договарања на Груевски со владините коалициски партнери: Споменувањето на Владата е класична малверзација

Ковачевски за тврдењата за договарања на Груевски со владините коалициски партнери: Споменувањето на Владата  е класична малверзација

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска го означи како малверазација споменувањето на Владата во контекст на тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој тврди дека имало тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери и уште едно лице во врска со измените на Кривичниот законик.

-Прво, јас гледав во текот на вчерашниот ден преписки и јавна дебата помеѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ, бивши високи функционери, сегашни високи функционери. Споменувањето на Владата во таков контекст е класична малверзација, манипулација и шпекулација и јас шпекулации и манипулации не коментирам, изјави премиерот денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Ова претходно го демантираше и спикерот на Собранието, Талат Џафери, кои како невистини ги означи ваквите тврдења и рече дека се наменети за дневно политички цели.

-На тоа прашање веќе одговорив за време на викендов. Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од екс премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тое е невистина која што само служи за дневно-политички цели, рече Џафери, одговарајќи на новинарско прашање, по денешната средба со претставниците на медиумите.

Тој истакна дека Собранието добива материјали од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.

-Не би сакал да користам несоодветни зборови, кои што ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа со јавноста, рече Џафери.

Николовски вчера во интервју  за „360 степени“ на ТВ МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, и лидерот на ДУИ Ахмети, претседателот на Собранието Џафери, и уште едно лице. Притоа, Николоски покажа УСБ, за кое тврдеше дека е она што деновиве го спомнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои рече дека се содржината од УСБ-то. Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ. ац/са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан