• сабота, 28 декември 2024

Ковачевски: За договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид одлучило Собранието, не Владата

Ковачевски: За договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид одлучило Собранието, не Владата

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) – Автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи да се гради и по рокот, 31 декември 2023. За договорот со изведувачот  за изградба  на овој автопат одлучило Собранието, а не Владата, изјави премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски праша зошто не е исполнето ветувањето од лани во ноември, дека од јануари 2024 граѓаните ќе возат по нов автопат кон Охрид и, наместо тоа, Владата на седница денеска донела одлука да се продолжи рокот на изградбата.

Ковачевски кажа дека поради грешки во проектирањето, автопатот се уште не е завршен и е во фаза на завршување од 80 проценти. Договорот, рече, е направен во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и со одлука на Собрание за изградба на автопат „врз основа на проект што бил таков каков што бил и со изведувач од Република Кина“.

-Беа повикани ФИДИК експерти кои работеа на анализа на се она што е направено досега, на анализа на договор, склучен со одлука на Собрание, и на сите анекси склучени со одлука на Собрание и врз основа на анализата која тие ја претставија пред задолженото Министерство за транспорт и врски, пред ЈП за државни патишта, задолжени се министерот за координација на економските ресори  и министерот за транспорт и ЈПДП да разговараат со изведувачот на проектот со цел определување реални рокови за завршување на овој проект кој, повторувам, се прави на договор направен од Собранието на Република Северна Македонија, не од Владата. Бидејќи договорот е закон донесен од Собранието, истакна Ковачевски. хс/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан