• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите

Ковачевски: Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Заклучоците што денеска ги изгласа Собранието ќе бидат основа за преговорите и евроинтеграциските процеси, најави премиерот Димитар Ковачевски. На прес-конференцијата во Владата, Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека целта на заклучоците е заштита на македонскиот јазик и идентитет. - И не само оваа Влада, туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ, кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ, ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија. Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти, сите медиуми, сите членови на парламентот во која што јасно е наведен македонски јазик без никакви фусноти, сите документи на ЕУ во иднина до крај, до пристапување во ЕУ ќе треба да бидат со таква дефиниција чиста на македонски јазик, нагласи Ковачевски.Истото, како што посочи, се однесува и на мултилатералните документи коишто Република Северна Македонија ќе треба да ги потпишува, а првиот е договорот Фронтекст во кој што ќе треба да стои чист македонски јазик. мс/бак/

Остани поврзан