• среда, 27 ноември 2024

Ковачевски: Државотворните одлуки носат придобивки, добивме 80 милиони евра помош од ЕУ

Ковачевски: Државотворните одлуки носат придобивки, добивме 80 милиони евра помош од ЕУ
Делчево 31 октомври 2022 (МИА) - Државотворните одлуки носат придобивки за граѓаните и тие може да ги видат и да ги почувствуваат, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски  вечерва на партиска трибина во Делчево. Тој пред делчевчани ги презентираше досегашните преземени мерки на Владата, идните политики, како и концептот за визијата и иднината на Северна Македонија. -Донесовме тешки, но државнички одлуки. Придобивките од тие државнички одлуки сега сите ние, целата јавност, сите граѓани може да ги видат, да ги почувствуваат. Нема потреба да се навраќам многу наназад, само во изминатите пет дена ќе споменам неколку важни работи за овие придобивки. Од Европската Унија добивме силна финансиска поддршка за справување со енергетската криза.  Првата транша е во износ од 80 милиони евра, кои ќе ги подигнеме на почеток на наредната година. Дополнително, Северна Македонија ќе биде вклучена во зедничката набавка на гас и енергенси на ниво на Европската унија. Исклучително важно во време на глобална енергетска криза, рече претседателот Ковачевски. Според него, Владата се изборила за македонскиот јазик и идентитет да бидат признаени и потврдени во ЕУ. -Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со  Европската унија на официјален македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без никакви други појаснувања. Тоа го ветив и тоа го исполнив.  Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија. Ете тоа се европски вредности, тоа се вистински одлуки, тоа е вистински патриотизам. Тоа е СДСМ и се што значат овие 4 букви., рече Ковачевски. Претходно, на граѓанската трибина на СДСМ во Македонска Каменица премиерот порача дека СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која е сигурна иднината на Северна Македонија, на секој граѓанин. Посочи дека разликата помеѓу, како што рече, неодговорниот пристап на ВМРО ДПМНЕ  помеѓу одговорниот, чесен и домаќински пристап, кој особено доаѓа до израз во време на оваа светска економска и енергетска криза, кога за само неколку месеци Владата предводена од СДСМ и коалицијата насочи 750 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите. -Ги покачивме платите на работниците, минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, пензиите за само неколку месеци ги зголемивме за 10 проценти, а веќе со следното покачување ќе имаме поголеми пензии за околу 16 проценти. Ја субвенционираме струјата за граѓаните во висина од 80 проценти.  Со последната мерка воведуваме субвенции за компаниите од прехранбената индустрија со што директно ќе влијаеме за стабилизирање на цените на основните производи,  рече Ковачевски. Тој истакна дека проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе  биде победничка коалиција на изборите во 2024 година и ги повика сите социјалдемократи, членови, симпатизери да се обединат и да застанат зад проевропскиот концепт и визија. Премиерот се осврна и на инвестициите кои Владата предводена од СДСМ ги прави на македонскиот исток со цел да го подобри животот на граѓаните со посебен личен и владин фокус во работата за подобар живот за граѓаните, подобри услови за развој на стопанството со странските директни инвестиции. -Американската компанија од автомобилската индустрија (Кемет Електроникс), заради поддршката и условите кои ги добива во земјата, по отворањето на првата фабрика, отвори и втора. На долг рок тоа ќе значат вкупно 1 000 вработени. Новата инвестиција на канадската компанија Магна исто така носи околу 1.000 работни места до 2024 година. Нови 30 милиони евра е странската инвестиција на двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив. Се позициониравме како држава во која странските инвеститори препозбаваат вистински партнер и затоа реномирани компании ја бираат Северна Македонија како дестинација за нивните инвестиции. И не само странските туку и домашните компании ги поттикнуваме да инвестираат со нашите политики, рече Ковачевски. Токму овде, дополни тој, во Делчево бев во посета на една таква домашна компнија (Алпин ком) која започнува нова инвестиција, фотоволтаична централа, на површина од 35 декари, со моќност од 1,8 мегавати.Вложуваме во енергетиката, во инфраструктурата, се градат повеќе делници и патишта, а во саботата отпочна и градбата на источен дел од железничкиот Коридор 8 – пругата кон Бугарија. Со работа започна и најголемата соларна електрана досега, која ќе снабдува над 5.500 домаќинства со чиста електрична енергија добиена од македонското сонце, додаде Ковачески. Потсети дека се донесени иизмените на законот за градење за да можат сега сите физички и правни лица со многу едноставна процедура и без одобрение за градба од општината да постават фотоволтаици. -Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на трибина во Делчево.вс/лв/

Остани поврзан