• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски ги повика ЈО и надлежните институции да го испитаат случајот со фирмата за одржување лифтови

Ковачевски ги повика ЈО и надлежните институции да го испитаат случајот со фирмата за одржување лифтови
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - На новинарско прашање како можело да се дозволи компанија што нема лиценца, односно со фалсификувани сертификати, да добие тендери за одржување на лифтови што чинат толкави суми, премиерот Димитар Ковачевски одговори дека го поттикнува Јавното обвинителството и сите надлежни институции веднаш да го испитаат тој случај. - Доколку се работи за вистинити наводи во медиумите, да се постапи кон санкционирање на тие што тоа го сториле. Не знам точно кои институции имаат договори со тие фирми или фирма. Меѓутоа, тие договори нормално треба да бидат прекинати. Сторителите, доколку е точно, не знам дали е точно, Обвинителството тоа треба да го испита, да бидат најстрого санкционирани, бидејќи се работи за системи што значат многу во безбедноста на граѓаните, изјави Ковачевски по денешната заедничка обиколка со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир на локацијата во кругот на „ОХИС“, каде завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан и неговите изомери.. Прашан за одлуката на полициските униформи во иднина покрај на македонски, да стои натпис и на албански јазик, премиерот Ковачевски појасни дека тоа е одлука што произлегува од Законот за употреба на јазиците и се работи за Уредба со која се спроведува и извршува Законот за употреба на јазиците. - Ставен е период до една година затоа што за униформа и за друга опрема што има обележја, потребен е процес на тендерирање и на производство на таа опрема. Затоа е ставен тој период, појасни Ковачевски. цр/сп/

Остани поврзан