• среда, 25 декември 2024

Ковачевски ги објави имињата за состав на новата Влада

Ковачевски ги објави имињата за состав на новата Влада
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремиер задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции - актуелниот Фатмир Битиќи, за вицепремир за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, соопшти претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција по завршувањето на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на партијата. За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ,  порнаешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи - актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда проф. д-р Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор. За министер за труд и социјална политика - Јована Тренчевска - директорка на Државниот инспекторат за труд. за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски. Од сите нив, како што рече Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното. Тој најави дека составот на Владата и владината програма утре ќе ги достави во Собранието. - Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме, изјави вечерва Ковачевски. цр/хс/          

Остани поврзан