• недела, 24 ноември 2024

Ковачевски: Во тек е дистрибуција на игли во сите инсулински аптеки

Ковачевски: Во тек е дистрибуција на игли во сите инсулински аптеки

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Во тек е дистрибуција на игли во сите инсулински аптеки во државата. Веќе е склучен договор за набавка на ленти и глукометри за пациенти со дијабет 1 и дијабет 2, по што следи рок за испорака до инсулинските аптеки, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за пратенички прашања.

Дел од доцнењето, како што рече, не се однесувало на работата на Министерството за здравство или на Владата, туку на жалбените постапки што ги имале понудувачи на тендерот за набавка.

Во однос на сензорите за континуирано мерење на гликемија, Ковачевски информира дека минатата недела е донесена одлука за избор на најповолна понуда која е прикачена на Електронскиот систем за јавни набавки. Посочи дека е почната управна контрола од Бирото за јавни набавки која задолжително се спроведува за постапки со проценета вредност од над 500 илјади евра во денарска противвредност.

- По завршувањето на контролата, одлуката се доставува до економските оператори и јавно се објавува. По истекот на роковите за жалба кои законски се пропишани Министерството за здравство ќе склучи договори со компанијата или компаниите кои се избрани понудувачи, рече премиерот Ковачевски. мд/бак/

Фото: МИА архива и Влада 

Остани поврзан