• четврток, 19 декември 2024

Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на државата

Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на државата
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска прими делегација на заедницата на Власите од нашата земја претставена преку членови на политички партии, граѓански здруженија, на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што соопштуваат од владината прес-конференција, на средбата во пресрет на претстојниот празник 23 мај – Национален ден на Власите, претседателот на Демократскиот Сојуз на Власите, Никола Бабовски, информирал за подготовките на централната манифестација со која ќе се одбележи празникот на влашката заедница во нашата земја. Честитајќи го празникот во свое име, и во име на Владата, премиерот Ковачевски го истакнал придонесот на влашкиот народ во севкупниот развој на нашата држава и ги поддржал активностите на заедницата на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. Како што посочуваат, членовите на делегацијата на Власите го информирале премиерот Ковачевски за нивното активно учество во креирањето на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, со концепт за програма за вклучување на изучувањето на влашкиот јазик и култура во одделни степени на образовниот систем, како и за нивните заложби да биде обновен Влашкиот етно фестивал.фф/са/

Остани поврзан