• среда, 18 декември 2024

Ковачевски, Борел и Лајчак пристигнаа во Охрид за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово

Ковачевски, Борел и Лајчак пристигнаа во Охрид за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово
Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан Мирослав Лајчак, пристигнаа во Охрид во пресрет на утрешниот дијалог меѓу Србија и Косово, соопшти владината прес-служба.Премиерот Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, под покровителство на Европската Унија.
 
Како дел од агендата на премиерот Ковачевски, тој вечерва ќе има средба со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар и американската амбасадорка во Северна Македонија Ангела Агелер.
 
Пред почетокот на дијалогот, Ковачевски ќе се сретне со Борел и Лајчак, а ќе одржи и тет-а-тет средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.- Република Северна Македонија е избрана за домаќин на овој важен состанок бидејќи е пример за земја која што сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог и во функција на напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Потпишаните договори - Охридскиот, Преспанскиот, како и Договорот за добрососедство, се потврда за трајната заложба преку отворен дијалог да го трасираме патот на сегашниот и идниот развој на земјата. Преку овие јасни чекори кои обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, Северна Македонија од заробена и изолирана држава денес, пет кратки години подоцна, е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи и почитуван партнер на меѓународната заедница. Државите од Западниот Балкан припаѓаат во Европската Унија и до решенија на сите преостанати отворени прашања ќе се дојде само преку дијалог. Република Северна Македонија и натаму ќе продолжи да дава активен придонес во оваа насока, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.са/
 
 
Фото/Видео: Влада на РСМ

Остани поврзан