• сабота, 16 ноември 2024

Ковачевски: Бектеши ќе ги соопшти деталите од средбата со компанијата за природен гас

Ковачевски: Бектеши ќе ги соопшти деталите од средбата со компанијата за природен гас
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе соопшти што е разговарано на средбата со компанијата за природен гас која беше посочена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски е веќе информиран за исходот, но, како што нагласи, етички е Бектеши да ги каже деталите зашто тој присуствувал и ја предводел македонската делегација на средбата. -Бектеши ќе соопшти сам каде бил и какви се резултатите. Тој ќе треба изворно да каже, зашто тој ја водеше нашата делегација. Позитивно е кога ќе стигне понуда и кога таа ќе биде подобра од другите. Јас не можам да интервенирам и да елаборирам понуди од приватни компании ако ги имаа воопшто, кои треба да стигнат во Комисија која независно треба да врши евалуација. Тоа е и етички и законски, рече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан