• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: Активно придонесуваме кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права

Ковачевски: Активно придонесуваме кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права

Скопје, 16 мај 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, кој престојува во посета на Исланд, каде учествува на Самитот на лидери на Советот на Европа, изјави дека Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права.

- Овој Самит доаѓа во еден исклучителен момент кога фундаменталните вредности на кои почива Советот на Европа, а тоа се демократијата, владеењето на правото, посебно на меѓународното право, заштитата на правата на луѓето се доведени во прашање после воената инвазија на Русија над Украина. Северна Македонија како земја која што секогаш ги негувала и која секогаш ги застапувала овие фундаментални права е дел од овој Самит и јас ќе учествувам во дебатата утре како и на округлата маса на која што тема е токму владеењето на демократијата, унапредувањето на демократијата меѓутоа и начинот на кој да и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода, за правото на самоопределување на граѓаните на Украина да имаат своја држава која што ја уредуваат според нивните демократски принципи, рече Ковачевски.

На отварањето на Самитот во Рејкјавик, Ковачевски беше пречекан од премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Како дел од делегацијата која што ја предводи премиерот е и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. бак/

Остани поврзан