• среда, 25 декември 2024

Ковачевски-Лајчак: Војната во Украина налага итна интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Ковачевски-Лајчак: Војната во Украина налага итна интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамките на неговата денешна посета на Брисел, оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, на која двајцата соговорници заклучија дека војната во Украина наметнала неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и итни преговори со Северна Македонија како приоритет.
Како што соопштија од Кабинетот на Ковачевски, тој на средбата со Лајчак истакнал дека очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот Скопје-Софија за да се дефинира преговарачката рамка со цел колку што е можно побрзо одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.см/лв/

Остани поврзан