• четврток, 26 декември 2024

Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против коронавирус

Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против коронавирус
Женева, 12 јули 2021 (МИА) - Ковакс системот веднаш ќе добие 110 милиони дози вакцина против коронавирус од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“ кои ќе му помогнат на меѓународниот систем за дистрибуција на вакцини да се справи со недостигот поради новиот бран на пандемијата, соопшти денеска Сојузот за вакцини (Гави). „Договорот со кинеските фармацевтски групи вклучува и опции за набавка на дополнителни дози во наредните месеци“, се вели во соопштението. - Благодарение на овој договор, дури и откако овие вакцини веќе добија итно одобрување од СЗО, можеме веднаш да започнеме со испорака во земјите, рече Сет Беркли, раководител на Гави. Ковакс системот, кој требаше да гарантира еднаков пристап до вакцините и на богатите и на сиромашните земји, досега дистрибуираше повеќе од 102 милиони дози вакцини во 135 земји, многу помалку од планираното. Околу 170 милиони дози на „Синофарм“ потенцијално може да се обезбедат до крајот на првата половина на 2021 година, во зависност од потребите. Во случајот на „Синовак“, вкупниот број  купени дози може да достигне 380 милиони до крајот на јуни 2022 година. Овие вакцини ќе бидат достапни за сите земји кои плаќаат за вакцините, како и за земјите што ќе ги примаат вакцините како донација. Ковакс планира да дистрибуира две милијарди дози до почетокот на 2022 година, вклучително и 1,8 милијарди за 92 најсиромашни земји. паг/  

Остани поврзан