• среда, 25 декември 2024

Коби Брајант не загина по вина на пилотот, тврдат адвокатите

Коби Брајант не загина по вина на пилотот, тврдат адвокатите
Атланта, 12 мај 2020 (МИА) - Адвокатите на загинатиот пилот Ара Зобајан тврдат дека тој не е виновен за несреќата на хеликоптерот во која загинаа девет лица, меѓу кои и Коби Брајант, јави Си-Ен-Ен. - Во судскиот документ се наведува дека сите повреди и штети настанати при падот на хеликоптерот биле предизвикани од невнимание и вина на патниците кои биле свесни за ризикот, изјави братот на обвинетиот пилот Берг. „Невниманието на патниците е фактор што најмногу придонесе за штетата и повредите на лицата во хеликоптерот по неговиот пад, за што обвинетиот не е одговорен“, се наведува во документот. Документот е одговор на тужбата од сопругата на Брајант, Ванеса, што нејзината адвокатка ја поднесе на 24 февруари, еден ден откако се одржа меморијална служба за познатиот кошаркар и  неговата ќерка Џиана. Ванеса за смртта на нејзиниот сопруг и ќерка, како и за останатите патници, ја обвини компнијата во чија сопственост е хеликоптерот и пилотот кој управувал со него. Адвокатите на обвинетиот пилот истакнаа дека тој не влијаел ниту имал право да влијае на однесувањето на патниците и побараа обвинувањата да бидат отфрлени. Во тужбите на претставниците на другите патници кои загинаа во несреќата, обвинета е компанијата, но не и пилотот. Следниот датум за судење сè уште не е одреден. паг/

Остани поврзан