• петок, 27 декември 2024

Коалиција „Одлучно за промени“: Во Битола ќе обезбедиме Стратегија за одржлив урбан развој на општината

Коалиција „Одлучно за промени“: Во Битола ќе обезбедиме Стратегија за одржлив урбан развој на општината
Битола, 11 октомври 2021 (МИА) - Коалицијата на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени“ ветува создавање услови за стабилна и долгорочна градска перспектива, јасна и спроведлива стратегија за одржли урбан развој на Општина Битола. Од движењето „Одлучно за промени“ најавија дека во иднина во Битола ќе се донесуваат спроведливи урбанистички планови, кои ќе го штитат јавниот интерес. - Наша заложба не е само донесување на ГУП, кој за жал стана најкористеното популистичко ветување веќе една деценија, како и донесување на нови и синхронизирање на постоечките ДУП-ови и урбанистичките планови за селата од нашата општина, туку тоа да се направи во законски предвидениот рок од 36 месеци за донесување на ГУП, и 18 месеци за пооделните ДУП, користејќи ја законската можност за обединети постапки. Вредноста на работите од урбанистичкото планирање е определена со тарифник и според него, за град со проекција од 80 илјади жители, на подрачје од околу 2.500 хектари, и сложеност поради загадувањето на воздухот и постоењето на културно наследство од особено значење ГУП би чинел околу 500 илјади евра, изјави Анастасија Трајковска и додаде дека коалицијата „Одлучно за промени“ ќе ја поддржи стручната фела поврзана со урбанизмот за нејзино стручно интегрирање во урбаното планирање на градот. На прес-конференција во Битола од коалицијата ветија континуирано следење и отчетност на постапките за донесување на урбанистичките планови и добивање на одобренија за градба, како и континуирано следење на спроведувањето и реализацијата на плановите и извештаи од состојбата во просторот, како база за идните стратегии за одржлив развој во наредниот период. мт/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан