• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Коалиција „Менуваме“ бара од Општина Аеродром да измени одлука за користење на еднократна парична помош

Коалиција „Менуваме“ бара од Општина Аеродром да измени одлука за користење на еднократна парична помош

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Коалицијата „Менуваме" којашто се залага за правата на лицата со попреченост, попладнево побара дополнување на одлука на Советот на Општина Аеродром за користење на еднократна парична помош. 

- Иако сумата беше исплатена согласно оваа одлука, приматели од детска и социјална заштита, т.е. лица со попреченост добија по 3.500 денари, додека социјално ранливите категории по 6.000 денари. Со цел да се даде шанса на луѓето кои не го искористиле еднократниот паричен надоместок, да им се даде шанса со следната одлука да аплицираат овие лица и лицата кои добиле од претходната исплата по 3.500, да се надополни со линеарно доделување по 6.000 денари на сите, изјави Суарет Алиша од Коалицијата „Менуваме“.

Алиша ги повика сите политички субјекти во Советот на општината да воспостават контакт со нив и заеднички да креираат политики за лицата со попреченост кои живеат на територија на оваа општина.

Го повика и претседателот на ЗЕЛС да оствари средба со Коалицијата „Менуваме“ со цел на локално ниво да се градат политики, коишто ќе бидат во интерес на лицата со попреченост. бд/бак/


Фото: МИА

Остани поврзан