• вторник, 24 декември 2024

Коалиција Вреди: Пред неколку дена го повлековме именувањето на Вервизоли, таа ќе работи на добивање сертификат за ревизор

Коалиција Вреди: Пред неколку дена го повлековме именувањето на Вервизоли, таа ќе работи на добивање сертификат за ревизор

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - Коалицијата Вреди попладнево соопшти дека уште пред неколку дена го повлекла именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако, како што наведуваат од коалицијата, таа има одлично CV и значително професионално искуство, донесена е одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нивните редови.

- Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот, се наведува во соопштението.

Дополнително, од Вреди сметаат дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби не само што оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.

Коалицијата Вреди, како што се наведува, останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови.

-Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби, се наведува во соопштението од коалицијата. ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан