• четврток, 09 јануари 2025

Коалиција „Вреди“: ДУИ да го исклучи Груби од членство на партијата

Коалиција „Вреди“: ДУИ да го исклучи Груби од членство на партијата

Скопје, 9 јануари 2025 

Упатуваме јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата.

Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во Република Северна Македонија.

Притисокот од јавноста е реален и легитимен – луѓето бараат дела, а не празни фрази. Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан Груби.

ВЛЕН стои зад сите иницијативи кои ќе доведат до поголема отчетност и одговорност на политичките актери во земјата. Веруваме дека со итно и решително делување, ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека навистина стојат зад сопствените принципи за праведност, законитост и заштита на стратешките интереси на Албанците во Република Северна Македонија.

Коалиција „Вреди“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан