• четврток, 26 декември 2024

Коалиција „Вреди“ вели дека нивни членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово 

Коалиција „Вреди“ вели дека нивни членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово 

Тетово, 22 април 2024 (МИА) - Претставници на Коалицијата „Вреди“ во Тетово пред зградата на СВР Тетово одржаа прес-конференција на која посочија дека во полициската станица се сослушуваат членови на младинскиот форум на Движењето Беса, на коалицијата „Вреди“, како и претставници на локалните институции во Тетово. Според Алби Ќамили од Младинскиот совет на Движење Беса, нема конкретна причина за нивно носење во полиција.

- Она што го знаеме е дека во станица прво биле повикани незаконски, телефонски, итно да пријават во полиција, а многу подоцна им испратиле и писмена покана, како што треба да пристапи полицијата. Она што можеме да го кажеме е дека овие диктаторски дејствија ги врши првиот човек на СВР Тетово, Шефик Бајрами, кој на оваа функција е незаконски поставен иако има криминално досие и е осомничен за учество во потешки кривични дела. Но, со антизаконско инсистирање на ДУИ, ја извршува функцијата прв човек на СВР Тетово. Сигурни сме дека овие постапки на Шефик Бајрам се акции нарачани од Али Ахмети и Артан Груби. Откако сфатија дека на 6 ИЕ (Изборна Единица) поразот од 3 спрема 1 за нив е неизбежен. Али Ахмети и Артан Груби како и секогаш во пресрет на изборите ги спроведуваат своите комунистички и диктаторски акции. Повикувањето во полиција, ден пред избори, е механизам за заплашување, како што тоа го направи Путин пред два месеци во Русија и Вучиќ во Белград, рече Ќамили.

Според него, меѓународните организации и амбасади треба да се фокусираат на Тетово.

- Замислете, ДУИ, која се декларира дека го формирала „Европски фронт“ прво незаконски поставила лице со криминално досие за началник на СВР – Тетово. А второ преку него врши насилство и притисок врз граѓаните да не ја поддржуваат опозицијата, туку по секоја цена да гласаат за ДУИ. Затоа, апелираме до сите меѓународни организации и амбасади да се фокусираат во Тетово и да ја следат антиевропската акција на ДУИ дејствијата што Али Ахмети ги прави во 6 ИЕ преку Шефик Бајрам и паралелните српски структури во Северна Македонија. Но, ние оттука им испраќаме порака до Шефик Бајрам, Али Ахмет и Артан Груби, дека ние нема да се предадеме на диктатурата на Милошевиќ и не се плашиме ниту од вас. Подготвени сме да ја заштитиме демократијата и слободата на граѓаните по секоја цена, а ако сакате да пролеете крв меѓу Албанците, како што сте навикнати да правите во секој изборен циклус, тоа можете да го правите до 8 мај, но на 9 мај знаете каде ви е местото, зад решетките каде што ќе одговарате за секоја злосторство што го нанесовте на албанските граѓани, истакна Алби Ќамили.

Тој на крај апелираше сите млади Албанци, да не се плашат и на 24 април и 8 мај да ја поддржат коалицијата „Вреди“. ас/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан