• среда, 25 декември 2024

Коалиција „Вреди“: Балансерот е неефикасен концепт бидејќи стана алатка за злоупотреби

Коалиција „Вреди“: Балансерот е неефикасен концепт бидејќи стана алатка за злоупотреби

Скопје, 20 септември 2024

Зиадин Села, по налог на Али Ахмети два дена се обидува да го прикри нивниот пораз. Делуваат крајно несериозно најавите дека тие ќе предложат Закон за правична застапеност.

Да ги биваше ќе го решеа ова прашање кога беа власт. Одлуката на Уставен Суд за замрзнување на Балансерот е уште една потврда дека ДУИ наместо да ги ползува функциите во Владата со делегетимираниот СДСМ, за системско решавање на статусот на Албанците, се посвети на грабеж на народните пари и лично богатење.

Секојдневно се потврдува дека се’ што е правено за време на нивниот режим е површно, со популистички мотиви за дневно политички поени.
Уставниот Суд, чиј актуелен состав е изгласан токму со гласовите и влијанието на ДУИ, ја замрзна употребата на Балансерот, што преставува
уште еден програмски и кадровски пораз на политиките на ДУИ. Овој факт не може да се сокрие со изговор дека треба во Уставниот Суд да
се воведе Бадинтерово мнозинство.

Коалицијата ВЛЕН јасно соопшти дека Балансерот е неефикасен концепт, бидејќи стана алатка за злоупотреби кога почнаа Македонци да се
изјаснуваат како Албанци за да се вработат во јавната адинистрација. Затоа, ние изработуваме Закон за правична застапеност, кој на увид на
експертската јавност ќе го ставиме користејќи јавни расправи со цел да добиеме ефикасно и одржливо решение кое целосно ќе биде спроведливо во пракса и ќе им овозможи на Албанците да се вработуваат во државните институции врз основа на професионални вештини а не заради партиска припадност. Замрзнувањето на Балансерот нема да спречува вработување на Албанците во органите на државна управа и во овој период на правен вакум, бидејќи тоа е еден од принципите на Охридскиот Рамковен Договор и Уставна категорија.

Коалиција „Вреди“

_______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан