• недела, 28 јули 2024

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Со ослободување на Србите од плаќање патарина, Владата на СДСМ-ДУИ ги дискриминира своите граѓани

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Со ослободување на Србите од плаќање патарина, Владата на СДСМ-ДУИ ги дискриминира своите граѓани
Скопје 20 април 2021 Владата на Северна Македонија која не стигна навремено да обезбеди вакцини против covid 19 за граѓаните, а еден мал број на вакцини обезбеди од Србија која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат во таму, сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за Здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградност кон граѓаните на Србија сака да го покрие негобиот срам и неспособност за невремено обезбедување на вакцини за да се спасат животи. Од друга страна имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на само 2-3 километри од наплатните пунктови.  Ја потсетуваме Владата на протестите на граѓаните од селото Тетовско Седларце, коишто со право протестираа барајќи ослободување од патарината, бидејќи нивното село се наоѓа на непосредна близина од 3 км од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат. Слични случаеви има многу во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес итн. Неприфатливо е ова, на србските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, додека на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс споредено со службениот.  Имаме илјадници администратори од градовите на Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево коишто секојдневно патуваат за Скопје плаќајки ги сите патарини по нашите автопати достигнувајќи високи суми, за кои не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградност на Министерот Филипче и на оваа Влада кои ги ограбуваат нивните граѓани, додека се претставуваат џентлмени пред србските граѓани. Каков абсурд и срам во исто време! Коалиција АА-ААА __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан