• вторник, 24 декември 2024

„Коалицијата за високи амбиции КОП29 бара амбициозно финансирање заради спречување климатска криза

„Коалицијата за високи амбиции КОП29 бара амбициозно финансирање заради спречување климатска криза

Баку, 13 ноември 2024 (МИА) -  Коалицијата на лидери од индустријализираните земји и климатските ранливи земји денеска повика на поамбициозно финансирање за климата на Конференцијата на ОН за климатски промени (COP29), во Баку.

„Потребни се трилиони долари. Мораме итно да го зголемиме износот на финансирање за климатските активности“, се вели во соопштението потпишано од лидерите кои се дел од таканаречената Коалиција за високи амбиции COP29.

„Климатската криза ќе стане експоненцијално полоша ако не дејствуваме сега,“ се додава во изјавата.

„Развиените земји мора да го задржат водството и да ги исполнат тековните финансиски обврски“. Понатаму, се нагласува дека треба да се развијат иновативни извори на финансирање.

Германија, Франција, Шпанија и Канада, како и неколку островски нации и африкански земји, ја поддржуваат оваа иницијатива.

Германија вети годишно финансирање од шест милијарди евра за климатските проекти почнувајќи од следната година, но претходните буџетски планови покажаа недостиг при распределбата на овие средства, што предизвикува загриженост дека Германија може да ја загуби довербата ако не ги исполни обврските. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан