• сабота, 21 декември 2024

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива во Тетово ги претстави кандидатите за пратеници

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива во Тетово ги претстави кандидатите за пратеници
Тетово, 25 јуни 2020 (МИА) - Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива вечерва одржа промотивната конвенција за кандидати за пратеници на тетовскиот плоштад. Претсетдателот на Алијана за Албанците, Зијадин Села порача дека промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата. Тој потенцира дека ќе бара пропорционална застапеност во местата според структурата на населението. -Сакаа да не вовлечат во политичката игра наречена оштество за сите, но нема да успеат. Ние заедно со Алтернатива ќе бидеме ваши претставници, засновани на нашата определба. Албанците во 2016 веруваат дека ќе се урне режим, пола од режимот падна. Нашата коалиција ќе донесе промена и пад и на другиот дел од режимот. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван јазикот на 20 проценти, туку албански јазик во законот за јазици, рече Села кој е носител на листата во шестата изборна единица. Лидерот на Алијанса истакна дека на 15 јули Албанците ќе го пратат Али Ахмети во опозиција. -Ахмети 18 години беше на власт и не успеа да ги одбрани интересите на Албанците и сега бара Албанец премиер. Во овие 18 години ти беше премиер на Албанците и имаше на располагање буџет од 60 милијарди и не успеа да обезбедиш елементарни услови за Албанците како училишта и градинки, рече Села. Африм Гаши, лидерот на Алтернатива кој ќе биде носител на листа во изборна единица 2 истакна дека ова не е обична конвенција, туку кампања која ќе донесе промена во политиката. -Не се бавев со политика, но многуте неправди ме натерааа на овој предзивик. Секое семејство има некого на печалба и тоа мора да се смени. Да направиме живот добар како во европските земји. Ова не се само избори, туку и референдум, а прашањето е дали сакате уште наши деца да се иселат или да имаат еднакви услови како во ЕУ. Според Гаши главен столб на владеење ќе бидат искреноста и службата на народот. -на 15 јули не е само обичен ден за Албанците, туку прашање која врата број 5 или 9 ќе отворат. Или ќе отворат врата бр.5 за промена или број 9 што ќе значи уште живот како досега без промена, истакна Гаши. Пред присутните зборуваат и дел до кандидатите за пратеници и носители на листите Беким Татеши, Ваљбона Река, Скендер Реџепи и Сурија Рушиди. ас/аа/

Остани поврзан