• среда, 25 декември 2024

Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер

Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер
Тирана, 23 мај 2020 (МИА) - Поранешниот европратеник и поранешен известувач за Албанија, Кнут Флекенштајн е назначен за советник на претседателот на албанскиот Парламентот, Грамоз Ручи. Флекенштајн, кој ќе работи како советник за интеграција во кабинетот на собранискиот спикер, на Твитер напиша дека албанскиот Парламент има многу значајна улога во процесот за членство во ЕУ. - Среќен сум што започнавте да работите кон полноправно членство на Албанија во ЕУ. Албанскиот Парламент има многу значајна улога во овој процес. Му благодарам на претседателот на Парламентот за дадената доверба. Со нетрпение очекувам да работиме сите заедно, напиша тој на Твитер. Новата функција му ја честиташе и му поска добредојде Таулант Бала, координатор на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија. - Добредојдовте Кнут Флекенштајн за да работиме заедно, за да не советувате за исполнување на нашите обврски за членство во ЕУ. Албанскиот Парламент останува посветен за напорно работење, одобрување и спроведување на реформите, во координација со нашите клучни партнери, особено ЕУ и САД, напиша Бала. Кнут Флекенштајн е роден на 20 декември 1953 година и е германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент од Германија. Член е на Социјалдемократската партија на Германија, која е дел од Партијата на европските социјалисти. вт/гт/

Остани поврзан