• петок, 27 декември 2024

Книжевно читање на млади авторки вечер во „Europe House“

Книжевно читање на млади авторки вечер во „Europe House“

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Третото издание на младинскиот мултимедијален настан „Клинци“ ќе се одржи вечерва во просториите на „Europe House“ во Скопје. Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање во кое ќе учествуваат авторките Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Саранда Мехмеди и Софија Добревска, како и изложба на младата фотографка Валентина Миладинова.

„Клинци“ е мултимедијален настан во организација на „Култура Бета“.

Целта е да се претстави творештвото на новата генерација македонски уметници. Во рамки на секое издание учествуваат четворица млади книжевници кои се претставуваат со своја поезија или проза, а во рамки на секое издание се одржува и изложба на визуелни дела. Ова е трето издание на „Клинци“ и се случува со поддршка на скопскиот „Europe House“.

Настанот е организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, а настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски.бт/са/

Фото: плакат

 

Остани поврзан