• недела, 24 ноември 2024

Книжевна вечер со поетесата Eмануела Ковачевска-Китановска

Книжевна вечер со поетесата Eмануела Ковачевска-Китановска

Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Во Културно-информативниот Центар – Скопје ќе се одржи книжевна вечер со Емануела Ковачевска-Китановска на која ќе се дискутира со авторката за нејзиното творештво.

На книжевната вечер ќе учествуваат Филип Клетников како модератор на настанот, а извадоци од  творештвото ќе чита авторката, со музичка изведба на Билјана Петровска.

Актерката, поетеса и ликовна уметница Емануела Ковачевска-Китановска е родена 2002 година во Скопје. Нејзината прва поетска книга, „Кожена душа“ (2021) ја добива наградата за најдобра поетска книга од автор до 25 години во рамките на културната манифестација „Антево перо“. Својата прва монодрама, „Драг Вардар“ (2021) премиерно ја претставува на фестивалот „Коронијалс“.

Учествувала на низа поетски читања, поетски фестивали, како и книжевни, музички и театарски работилници. Нејзината поезија е објавена во повеќе групни поетски збирки од средношколски автори, меѓу кои и „Јас, ти и Скопје“ (2017), поддржана од Град Скопје. дма/мд/

Остани поврзан