• сабота, 23 ноември 2024

Кнесетот ја одобри новата вонредна Влада на национално единство на Израел

Кнесетот ја одобри новата вонредна Влада на национално единство на Израел

Ерусалим, 12 октомври 2023 (МИА) – Со 66 гласови „за“ и четири „против“, Кнесетот одобри дополнителни пет министри во Владата на Израел од партијата Национално единство.

Израелскиот Парламент го одобри и назначувањето на Уриел Бусо од партијата Шас за министер за здравство, со 65 гласови „за“ и ниту еден против.

Зборувајќи во име на „Национално единство“ чиј лидер е Бени Ганц, пред Кнесетот да гласа за додавање на пет членови од опозициската партија како министри во вонредната влада на национално единство, вториот човек на партијата Гидеон Саар рече дека „на тешките одлуки секогаш им е потребна широка поддршка, и тоа е она што го правиме денес“.

Очигледно обраќајќи му се на Јаир Лапид, лидер на партијата (Партија на иднината), која не е дел од вонредната влада, Саар рече: „Да, полесно е да се поддржи однадвор. Вие не го носите тешкиот товар“.

Пратеничката на Лабуристичката партија Наама Лазими, чија партија останува во опозиција, но вети дека ќе го поддржи додавањето на новите министри, плачеше на говорницата во Кнесетот, раскажувајќи за саботниот масакр на израелските граѓани од страна на терористичката група Хамас, пишува Тајмс оф Израел..

- Тие оставија пекол, немаат домови во кои да се вратат, рече таа за преживеаните од масакрите во јужните заедници на Израел.

Пратеникот Ајман Одех, кој ја предводи претежно арапската партија Хадаш-Таал рече дека „не постои ништо во светот што оправдува повреда на цивил, невина личност“.

- Треба да ги извадиме сите цивили, Евреи, Арапи, Палестинци, од циклусот на насилство, додаде Одех и критикувајчи ги контра-нападите на Израел врз Газа нагласи дека „Одмаздата не е начин“.

Пратеникот на Ликуд Тали Готлив го прекинуваше својот говор, извикувајќи „одмазда против Хамас!“ и брзо му се приклучија и други пратеници на Ликуд и Отзма Јехудит. ссм/

Фото: Тајмс иф Израел скриншот

Остани поврзан